ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/2/18 11:28 AM

Кавани и Суарез го пропуштија денешниот тренинг

Најдобрите играчи на Уругвај, Единсон Кавани и Луис Суарез го пропуштија тренингот пред натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство со тимот на Франција.

За Суарез се верува дека ќе биде на располагање за следниот меч, додека Кавани многу веројатно нема да игра.

На денешниот тренинг присуствуваа само 12 фудбалери, вклучувајќи двајца голмани. Тие работеа вежби со топка. Останатите играчи беа ангажирани во салата.

Тимот на Уругвај во А групата А ги победи Египет (1:0), Саудиска Арабија (1:0) и Русија (3:0), освојувајќи прво место на табелата. Во осминафиналето Уругвајците ја победија Португалија со резултат 2: 1.

Натпревар 1/4 финале Уругвај – Франција е закажан за в петок (6 јули) во Нижни Новгород.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1