ММС

Објавено на: 10/2/20 9:28 AM

Лани во војската на САД самоубиство извршиле 498 војници

Според Годишниот извештај за самоубиства што го подготви американското Министерство за одбрана (Пентагон), 498 војници на американската војска извршиле самоубиство во текот на 2019 година. Од нив 344 биле активни војници, а 154 од резервистите и од Националната гарда.

Во извештајот се наведува дека 326 војници извршиле самоубиство во 2018 година, а во 2017 година таа бројка изнесувала 287.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1