ММС

Германија сака да го додаде Хезболах на списокот на терористички организации на ЕУ

Германија сака да го внесе Хезболах на списокот на терористички организации на Европската Унија (ЕУ), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во веста објавена на „Дер шпигел“ (Der Spiegel) наведено е дека само вооруженото крило на Хезболах се наоѓа на терористичката листа на ЕУ и дека Германија сега сака Хезболах целосно да биде вклучен во терористичката листа на Европската Унија.

„Хезболах е терористичка организација, па затоа мора да биде вклучена во списокот на терористи во ЕУ во целост. Тоа е она кон што се стремиме за време на германското претседателство“, рече потсекретарот на Министерството за внатрешни работи на Германија, Ханс Георг Енгелке.

Тој исто така рече дека таа иницијатива ја поддржало и Министерството за надворешни работи на Германија.

Франција досега се спротивставуваше на вклучувањето на сите крила на Хезболах на терористичката листа.

Исто така, во веста се потсетува и дека францускиот претседател Емануел Макрон го критикувал Хезболах по експлозијата во Либан и дека Франција е можно да го поддржи чекорот на Германија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.