ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/2/18 8:01 AM

Леброн Џејмс нов играч на Лос Анџелес Лејкерс

Еден од најдобрите кошаркари во светот одлучи да го напушти тимот на Кливленд Каваљерс и се договори на четири години со Лос Анџелес Лејкерс.

Иако преговараше со голем број на екипи, на крај потпиша со Лејкерси, а договорот ќе му донесе 154 милиони долари за четири сезони.

Во НБА тој пристигна во 2003. година, играше седум години во Кливленд, а во 2010. година отиде во Мајами каде што ги водеше до две титули.

Сепак, во 2014. се врати во Кливленд, а две години подоцна им ја донесе долго очекуваната титула, но ова лето одлучи да се раздели со нив.

Превземено од: supersport.mk 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1