ММС

Десниот бек на Ајакс е нов фудбалер на Барселона

Репрезентативецот на САД и довчерашен играч на холандски Ајакс, Серџино Дест, кариерата ја продолжува во тимот на Барселона.

Барселона за овој трансфер ќе треба да му исплати на Ајакс иницијални 21 милион евра плус дополнителни пет милиони евра во бонуси. Во договорот на младиот Дест постои клаузула од 400 милиони евра, што е јасен показател за тоа колку клубот од Блауграна го вреднува и заштитува својот играч.

Дест, во летниот трансфер период беше на чекор до потпишување со Баерн Минхен, но во последен момент се предомисли и не можеше да оддолее на понудата на Барселона која ќе го задржи во Каталонија до 2025 година.

По заминувањето на десниот бек Нелсон Семедо во Волвс, 19 годишниот Дест ќе биде неговата природна замена на таа позиција во тимот на Роналд Куман.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.