ММС

Седев дома и плачев од среќа- Сузана Спасовска стана баба, се роди Клара

„Не сум спиела цела ноќ. Додека да се роди Клара плачев од стрес, а откако се роди преплакав од среќа. Пресреќна сум“, вели фолк ѕвездата Сузана Спасовска, која вчера вечерта доби внука, се породи нејината ќерка Теона.

MMS.mk ја контактираше Сузе, која немаше зборови да го опише чувството како една жена се чувствува кога ќе стане баба.

-Вчера се породи на ГАК, постојано беше под надзор на прекрасната докторка Адела Поп Стефанија и нејзиниот тим. Му благодарам на Бога се помина во најдобар ред. И Теона и Клара се добри, му се заблагодарувам на Бога за тоа.   На кого личи? На бебе. Хахахха Во прв момент личи на двајцата ама ќе видиме, бебе се менува. Има голема коса, исто  како мајка и кога се роди и уште веднаш може кики да и врземе, вели Сузе и додава:

„Убаво е што се породи вчера на денот на мајките и децата а особено на ќерките. Вчера беше „Св. Софија“ и нејзините ќерки Вера, Надеж и Љубов.  Убав ден за да женско бебе, празнично.  Но, ќерка ми и зетот одамна одлучија бебето да се вика Клрара, не знаеја дека ќе се роди  токму на овој празник. Ја видов внука ми на слика. Ја гледам па, пак, ја гледам  и уште не можам да се соземам. Премногу сум возбудена. Леле голема работа е да бидеш баба. А можам да замислам како се чувствува мајка ми како пра баба. Зетот Виктор е пресреќен, од моментот кога дозна дека ќе стане татко, а па кога дозна дека ќе им се роди ќерка на неговата среќа и немаше крај. И тој и јас бевме под стрес цело време додека да се роди Клара“, вели среќната баба за mms.mk.

Дар Божји за родителите и радост голема! На 30ти Септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, среќна, насмеана, распеана и од Бога благословена. Ти благодарам Боже! <3

Gepostet von Сузана Спасовска am Donnerstag, 1. Oktober 2020

Сузе ни откри дека цела ноќ не можела да заспие од возбуда. Прво од стрес, додека да ги слушне вестите дека се е во ред, а потоа од емоции, бидејки веќе почнува ново поглавје во животот.

-Нокеска не можев да заспијам, око не сум склопила. Прво, нормално бев под голем стрес, додека да се роди, да помине се како што треба а потоа не  можев од возбуда, од едно чувство на среќа кое не се опишува. Не знам како да го објаснам. Преголема возбуда и стрес во текот на целиот ден.  Поради мерките за заштита не бев на Клиника, но и да беше нормална ситуација немаше да одам, бидејќи тоа е неописива возбуда и стрес за една мајка. Јас сум толку емотивна што во такви моменти не можам да се снајдам.  Седев дома и чекав да ми се јават кога ќе се роди бебето. Прво плачев од неизвесност а кога веќе ми се јавија дека Клара се родила и дека се е во ред , уште повеќе  продолжив да плачам од среќа. Какви емоции се тоа,  не се опишува.  Навистина не сум додјена на себе.  Не сум спиена три дена, вели Сузе и за mms.mk, откри  дека од денес има нова најголема желба.

„Ќе бидам среќна и јас, како и мојата мајка,  да дочекам да станам пра баба. Ќе бидам среќна и јас да запеам и заиграм кога ќе станам прабаба. Еве од вчера откако ми се роди внука, тоа ми е најоглемата желба. Секако покрај тоа да сме здрави и живи сите“.