ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/1/20 12:45 PM

Седумнаесетгодишник од Гостивар плаќал со фалсификувани евра

Од слобода е лишен вчера 17-годишник од Гостивар поради соменение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота.

Од СВР Тетово информираат дека синоќа околу 20 часот и 10 минути, на улица „Никола Парапунов” во Гостивар, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 17-годишник.

За него постои основани сомнение дека дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од педесет евра. Момчето е задржано во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1