ММС

Без милост: Што се’ ја убива сексуалната желба?

Дали губите интерес за секс? Низа психолошки, но и физички фактори може негативно да влијаат на желбата за секс. Кои се најголемите непријатели на здравиот сексуален живот прочитајте во продолжение.

Стрес

Постојат луѓе кои успеваат да завршат многу работи додека се под стрес. Сепак, да се чувствувате секси не е дел од нив. Деловниот стрес, финансиските проблеми, грижата за болен член на фамилијата и разноразни други стресни ситуации го намалуваат либидото. За да го држите нивото на стрес под контрола, можете да научите некои од методите за тоа како да се носите со стресните ситуации или да се советувате со стручно лице.

Проблеми во врската

Нерешените проблеми во врската се дел од најчестите непријатели на сексуалниот нагон. Емоционалната блискост е многу важна за сексуалната желба, особено кај жените. Слабата комуникација и недостигот на доверба

Алкохол

Една или две чаши алкохол може да ве орасположат и да го „подготват теренот“, но алкохолот не секогаш е добар поттикнувач на сексот. Имено, познато дека тој опушта, но сепак може да биде и пречка за вашиот сексуален нагон. Исто така, пијанството не е привлечно за партнерот. Ако веќе сакате да се опуштите со некој пиалок, погрижете се да не испиете премногу.

Премалку сон

Ако чувствувате недостиг на сексуална желба, можеби во прашање е прераното станување од спиење, или пак заминувањето в кревет премногу доцна. Можеби имате проблем со спиењето во облик на инсомнија. Што и да му пречи на вашиот добар ноќен одмор, влијае и на сексуалната желба. Премалку сон предизвикува умор, а на овој начин тој е закана и за сексуалната желба.

Родителство

Родителството само по себе нема да ја убие секоја желба за секс, но понекогаш е тешко да се биде интимен кога децата „демнат“ од зад секој агол. Обидете се да обезбедите време само за вас и партнерот, а за децата нека се погрижи некој од роднините или пријателите.

Самодоверба

Тешко е да се чувствувате привлечно доколку немате самодоверба и сметате дека немате атрактивен изглед. На пример, многу девојки сметаат дека имаат вишок килограми па не сакаат никој друг да ги гледа, што секако не е појдовна точка за добар сексуален живот. Ако Вашиот партнер има слични проблеми, уверете го дека Ви е привлечен и дека сликата што ја има за сам себе е целосно погрешна.

Депресија

Многу антидепресиви може да го намалат сексуалниот нагон, но на сличен начин делува и самата депресија. Накратко, што и да направите, не е добро.Ако забележувате дека либидото Ви се намалило, можеби се работи за тоа дека сте депресивни.

 

Извор: vijesti.me


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.