– ММС
Вести Свет

Во Шведска стапува во сила закон со нова дефиниција за силување

Во Шведска денеска стапи во сила закон за согласност на сексуален контакт, со кој ќе се смета за принуда секој сексуален чин извршен без јасна согласност, дури и во случај да нема закана или појава на насилство. Со законот се утврдува дека човекот е виновен за силување доколку извршил сексуален чин со друг човек, кој не учествувал слободно во тоа дејствие. Претходно, шведскиот закон го сметаше за силување секој сексуален чин придружуван од насилство или извршен под закана.

Отсега шведските судови ќе треба да се исклучително внимателни за тоа дали согласноста е дадена со зборови, со гест или на друг начин.

Шведската Влада соопшти дека новиот закон испраќа силна порака, додавајќи дека ќе бидат одобрени 11,5 милиони евра во борбата против сексуалното вознемирување и насилство.

Новиот закон стапува во сила откако Шведска беше потресена од движењето „Јас исто така“(#MeToo).

– Тоа движење покажа многу силно дека треба макотрпно да се работи во борбата против сексуалното вознемирување и насилство на работното место, но и во останатиот дел на општеството – изјави шведската министерка за рамноправност на половите, Лена Халенгрен.

Целта на новиот закон е да се промени однесувањето во една земја, во која еднаквоста меѓу мажите и жените се смета за најнапредните во светот.

Силувањето може да биде казнето со шест години затвор или до десет години затвор за силување на малолетно лице.

 

Извор: МИА

Лограње

X

Регистрација