ММС

Штип: Не се почитува деловникот на Советот, реагира опозицијата- Според претседателката се работи во услови на пандемија

Советот на општина Штип е едно местата каде власта демонстрира моќ и недопирливост. Оваа недела не само што се случуваа невидени преседани, туку апсолутно не се почитува Деловникот за работа на Советот на општината, реагираа денеска на прес-конференција од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот на денешната седница.

,,Чашата ја прели тоа што за седници не известуваат и повикуваат ад хок, нешто кое се практикува единствено во услови на вонредна состојба.периодов власта сака да не ’ направи соучесници на седници за кои дознаваме во 5 до 12, со дневен ред кој е од круцијално значење за напредокот на градот“, рече на прес-конференцијата советникот Љубе Здравков.

Тој реагира и на тоа дека нивната советничка група извесен период нотира непрофесионалност при изготвување на записниците од претходните седници, на кои не само што не се евидентирале клучните дискусии, туку во еден од последните записници недостига делот каде поранешниот претседател Јане Миланов се повлекува од функцијата.

„Советот работи он лајн, меѓутоа не нуди услови за остварување на правата на советниците за тајно гласање-начин кој советниците можеа да го искористат при гласање на нов претседател на Советот“, додаде Здравков.

На прес-конференцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со реакција се јави претседателката на штипскиот Совет, Маријана Рогожарска Поповска.

„Владата  за време  на вонредната состојба донесе уредба со законска сила во однос на одржувањето на настани (вклучително и седници на советите) по online пат за да спречи ширењето на пандемијата со Covid 19 и да се овозможи непречено функционирање на оптините и институциите.

Tокму од оваа причина, Советот на Општина Штип, на 36 седница изврши дополнување на деловникот за рабaта на советот во делот на одржување online седниците.  Ваквите измени се се со цел доколку во иднина се појави потреба од одржување на online седници овој дел да биде уреден и прецизиран“, се вели во реакцијата на претседателката на штипскиот Совет.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.