ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/1/18 4:05 PM

Тетово: Претоварната станица за смет повторно во застој, во нејзиниот двор планини од отпад

За неполни два месеци во дворот на претоварната станица на Јавното комунално претпријатие Тетово во два наврати се создава дива депонија. Според најавите на градските власти, станицата која започна да функционира пред 7 месеци, требаше целосно да го реши проблемот со претовар на сметот.

Наместо од камион во големи контејнери за отпад, дел од тетовскиот комунален смет пред да се однесе во скопската депонија Дрисла, се истура на земја во дворот на претоварната станица на Јавното комунално претпријатие Тетово.

Ваквиот порблем се појавува по втор пат за два месеци, откако оваа станица започна да функционира пред 7 месеци. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на истурањето на смет на земја не гледа како на голем проблем. Вели дека ѓубрето ќе се подигне, а нормалното функционирање на станицата било доведено во прашање, затоа што истата работела според нова технологија, која тетовските комуналци се уште ја усовршуваат.

И минатиот месец планини од отпад се таложеа во дворот на претоварната станица на Јавното комунално претпријатие Тетово. Тогаш од Општина Тетово рекое дека проблемот настанал поради дефект на станицата, и за истиот да се острани требало да помине одреден период, затоа што во државата не можеле да најдат дел, потребен за да се острани дефектот.

Секое нефункционирање на станицата за претовар на сметот значи и ширење на болести, а први на удар се граѓаните на Тетово, затоа што истата е лоцирана на само неколку километри од градот.

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1