ММС

Објавено на: 09/29/20 5:31 PM

UEFA President’s Award за 2020 година во рацете на Дидие Дрогба

Легендата на англиски Челзи и освојувач на Лигата на Шампионите во 2012 година со „сините“, Дидие Дрогба, добитник е на UEFA President’s Award за 2020 година.

Оваа награда оди во рацете на Дрогба поради неговата посветеност во и надвор од теренот и ги препознава неверојатните достигнување, професионални успеси и исклучителните персонални квалитети на индивидуата за кого е наменета.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изрази низа пофални зборови за екс-репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, велејќи дека аспирациите на Дрогба и желбата да се помогне и да се разубави животот на децата во посиромашните земји е импресиен и заслужува секакво внимание.

-Дидие е херој на милиони луѓе и фудбалски фанови поради неговата неверојатна играчка кариера. Тој е лидер, пионир. Секогаш ќе се сеќавам на него како фудбалер со одлична техника, сила и интелигенција, но над тоа – желбата и амбицијата да се помогне на другиот надвор од теренот. Лигата на шаммпионите стана најдобро натпреваруање на светот, бидејќи клубовите доведуваа играчи од целиот свет. Среќни сме што играчи како Веа, Ето и Дрогба играа во ова натпреварување на највисоко можно ниво, изјави Чеферин по доделувањето на наградата.

Дрогба наградата ќе ја прими следниот четврток во Женева, при ждребот за претстојната сезона во Лигата на Шампионите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.