ММС

Жена се породила во такси возило пред велешката болница

Утрово пред 7 часот, жена се породила во такси возило, во дворот на велешката болница. Сведоци на настанот биле вработените кои доаѓале на работа, кои први притрчале да и помогнат да се породи. 

Д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес информира дека роденото машко бебе и мајкатa се во добра здравствена состојба. Мајката и бебето се сместени во Акушерското одделение на болницата. 

– На жената која се пораѓала во такси возилото веднаш на помош и  притрчала медицинска сестра од Детско одделение која оддела на работа, а потоа дошле и две сестри од Акушерското одделение кои и помогнале да се породи. Родилката на која ова и е второ породување роди машко бебе долго 50 сантиметри и тешко 3,2 кг. И мајката и бебето се во добра состојба и се сместени во Акушерското одделение при велешката Општа болница, информира д-р Неделковска Николова.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.