ММС

Почна фестивалот „Денови на комедија” во кумановскиот Центар за култура

Почна годинешново издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2020″, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев”. Годинава е програмата е скратена поради пандемијата.

„Прашањето беше дали воопшто да се одржи фестивалот, по добиените протоколи од Владата пред две недели, решивме да го одржиме. Претставите претходно договорени, така што очекуваме успешен фестивал со запазување на сите мерки“, протоколи-изјави директорот на НУЦК Куманово, Сашо Тодоровски.

Министерство за култура го поддржа фестивалот и годинава. Националниот координатор за развој на културата, Роберт Алаѓозовски рече дека фестивалот е една од најдобрите театарски манифестации.

Годинава, наградата „Васил Иљоски” за особен придонес во културата и актерската игра ја добива актерката Шенка Колозова, која рече дека ѝ е особено драго што токму во Куманово ја добива наградата, особено на фестивалот на комедијата и во градот во кој ја поминала младоста и во кој одиграла голем број претстави.

Фестивалот го отвара кабаре „Меѓуигра0-24″ со босанскиот актер Зијах Соколивиќ, во среда ќе биде прикажана претставата „Фанови” во продукција на „УГД” Штип, театар „Ултра”, копродукција театар Куманово со „Комедија за грабеж на банка”, во четврток штипскиот со „ЈЗУ” „Европа”. Во петок настапува струмичкиот со „Секс, лаги и љубомора” театарско друштво „Маскарад” Софија со претставата „Не се клади на Англичани” . Годинава ќе играат и театар комедија Скопје, со „Човек, ѕвер и доблест”, театар „Славија” – Белград, Србија со „Женски разговори” и домаќините Театар Куманово со претставата „Солдат”.

Според протоколот комедиите можат да ги следат само 100 посетители. Билетите ќе бидат достапни онлајн.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.