ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/1/18 2:10 PM

САД: Маж со нож ранил 9 лица во станбен комплекс за бегалци

Полицијата на американската сојузна држава Ајдахо соопшти дека девет лица се хоспитализирани, а 30-годишен маж бил уапсен по масовно прободување, најверојатно со нож, во станбен комплекс во градот Бојзи, каде што биле сместени многу бегалски семејства.

Локална телевизиска станица „7KTVB” јави дека централната улица на градот е блокирана во должина поголема од 1,6 километри и дека полицијата не знае што е мотивот за нападот, кој се случи ноќеска.

Началникот на полицијата на Бојзи, Бил Боунс вели дека е делот од улица може да биде отворен за неколку часа, но, дека областа околу станбениот комплекс ќе остане блокирана за најмалку 24 часа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1