ММС

Објавено на: 09/28/20 5:28 PM

(видео) Толку многу го сакале градоначалникот, што го реизбрале и покрај тоа што починал од корона непосредно пред изборите

Граѓани од малата романска општина Девесел толку многу го сакале својот градоначалник Јон Алиман, што и откако починал од коронавирус на 17 септември – тие на локалните избори во неделата сепак на гласале за него.

Со оглед на тоа што Алиман починал непосредно пред изборите, било касно неговото име да се избрише од гласачките ливчиња, иако веста брзо се проширила низ општината во кое живеат само 3000 луѓе.

На денот на гласањето, градоначалникот би полнел 57 години а гаѓаните за да му честитаат и да му ја искажат својата наклонетост – гласале за него. Тој освоил 1057 гласови од вкуно 1600, а за да прослават верните граѓани отишле со свеќи на неговиот гроб.

– Отидовме на гробишта за да му честитаме, навела една од присутните граѓани на својот фејсбук профил, каде ставила фотографија на која неколку луѓе држат запалени свеќи.

Инаку Алиман бил член на левичарската Социјалдемократска партија, позната како ПСД.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.