ММС

Објавено на: 09/28/20 2:47 PM

Адвокатите на Јанакиески бараат ослободителна пресуда за „Насилство во Центар”

Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар” побараа тој да биде ослободен од обвинение.

Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече обвинението бидејќи, според него, не постојат докази, а доколку не го стори тоа ОЈО судот да донесе ослободителна пресуда.

Пред судот денеска ослободителна пресуда побара и адвокатото Еленко Миланов, кој рече дека ако според обвинителите Јанакиески бил близок со бегалецот Никола Груевски, зошто тогаш бил прислушуван.

-Ако Јанакиески бил наводно човек од доверба на Никола Груевски, немаше да го има во низата прибавени телефонски разговори и да е прислушкуван, рече денеска во судница адвокатот Еленко Миланов.

Обвинети во предметот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, Борче Богдановски, Милан Андоновски, Александар Трајковски и уште неколкумина. Според Обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1