ММС

Нов ковид-случај во битолската градинка „Коца Василева”

Градинката „Коца Василева” во Битола потврди нов случај на КОВИД кај една од вработените, но продолжува со работа. Станува збор за воспитувачка која е во изолација од минатата недела, а превентивните мерки се преземени откако е потврдено дека нејзиниот сопруг бил позитивен на корона.

Во градинката „Коца Василева” претходно беше констатирана инфекција од КОВИД-19 кај негувателка, а превентивно и согласно здравствените протоколи, 13 деца беа пуштени дома во изолација, додека објектот е целосно дезинфициран.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.