ММС

Националната платформа за учење го „падна“ првиот тест

Новата национална платформа за онлајн учење, која минатата недела ја промовираа премиерот Зоран Заев и министерката за образование Мила Царовска, на својот прв ден наиде на технички проблеми.

Учениците во текот на викендот добија лозинки и упатства како да пристапат на платформата, а денеска требаше да го одржат пробен класен час.

Сепак ни наставниците, ни учениците денеска не успеаа најпрво да пристапат до страната, а потоа ни да се логираат.

Од МОН смируваат, велат дека ова е  дел од тестирањето и дека постојат моментални проблеми но не и проблем со платформата.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.