ММС

Три работнички во АД Баргала утрово добија отказ, во знак на солидрност вработените неколку часа ја прекинаа работата

Во знак на солидарност со своите колеги кои што утрово добиле отказ вработените од АД Баргала Штип, денес неколку часа ја прекинаа работата.

Претседателот на гранковиот синдикат за текстилство и кожарство, Љупчо Радовски, потврди дека три работнички добиле отказ, не знае по кој основ,вели  тоа е одлука на менџментот, и она што сега е во нивна надлежност е да им овозможат правна поука на отпуштените работнички, кои одлучиле да  не го примат отказното решение.

„Отказното решение сепак ќе го добијат преку пошта и во рок од осум дена тие ќе можат да се жалат до Управниот одбор на фирмата. Доколку по упатената жалба до Управниот одбор, одговорот е негативен, ќе се преземат следните чекори за што синдикатот обебзедува бесплатна правна помош“, изјави Радевски.

Неофицијално како причини наведени во отказните се споменува –нарушување на редот и дисциплината во фирмата и неоправдано последователно отуство од работа.

На средбата во петокот што менаџментот на АД Баргала го имаше со синдикалните претставници и од НВО „Гласен Текстилец“, на која што беше постигнат договор за состојбата во која се наоѓа компанијата и реакциите на работниците за задоцнетите плати и неисплатата на разликите на плата, беше договорено и да не се преземат никакви мерки за работниците кои одржаа протест на влезот на Компанијата, како и во иднина да се почитуваат одредбите од законот за работни односи и  Колективниот договор.