ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/28/20 10:19 AM

Малерозен арамија: се забодел на шилец на оградата, па чекал помош од тие што сакал да ги ограби

Семејство во Мостар викендов во својот двор имало неканет гостин – крадец кој ја прескокнал оградата и се обидел да влезе во нивниот двор. Технички тој во дворот и влегол, но само висејќи зашто ногата му останала забодена на шилец на врвот на оградата (на фотографијата).

Обидот нешто да украде му се претворил во вистински пекол. Во големи болки, морал да чека тие што сакал да ги ограби да го ослободат.

„Тие го симнаа од оградата и му ја преврзаа ногата. Воопшто не му течеше крв од ногата, затоа што висеше со главата надолу, па сета крв му се слеваше по главата“, раскажува очевидец.

Крадецот потоа бил одесен во болница, а потоа го „собрала“ полиција.

Како што пренесуваат босански медиуми, се работело за мигрант со мароканско потекло.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1