ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/20 4:00 PM

Зошто ананасот го сметаат за најновото оружје пртив Ковид-19?

Новото истражување на американските научници го открија најновото оружје против Ковид-19. Студијата е спроведена од експерти од Медицинскиот центар на Универзитетот во Небраска. Тие откриле дека содржината на одредено овошје може да се користи и против Ковид-19 и идните епидемии на коронавирус.

Тоа е ананас кој содржи ензим бромелаин.

Оваа студија покажува дека протеолитичкиот ензим бромелаин ја инхибира активноста на вирусот САРС-КоВ-2, имајќи истовремено ефект врз три компоненти, поради што патогенот влегува во телото и почнува да се размножува, предизвикувајќи ја болеста Ковид-19.

Претходните студии покажаа дека бромелаинот може да се користи како терапија кај пациенти кои страдаат од воспаление и болка.

Соединението исто така добро се апсорбира и има долготрајна биолошка активност. Сите овие придобивки на ензимот можат да се користат во третманот на пациенти со Ковид-19, забележуваат истражувачите.

Но, сепак, доколку се појават симптоми на корона вирусот, најпрво консултирајте се со лекарот.

Извор: Здраве.то


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1