ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/30/18 1:31 PM

Австрија од утре го презема шестмесечното претседавање со ЕУ

Од утре па во следните шест месеци, Австрија ќе претседава со ЕУ. За земјата голем предизвик ќе биде постигнување договор за буџетот на ЕУ за периодот 2021/2027 година, но сериозна тема со која ќе се соочи е и Брегзит, бидејќи се очекува да се постигне договор до октомври, за да може процесот на ратификација да заврши до крајот на март следната година.

Трошоците за претседавањето се проценуваат на околу 43 милиони евра, а медиумите шпекулираат дека би можеле да бидат и двојно поголеми.

Канцеларот Курц на 3 јули ќе се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, а на 5 и 6 јули еврокомесарите ќе допатуваат во посета на Виена.

Ова е трето претседавање на Австрија со Унијата, по 1998 и 2006 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1