ММС

Д-р Пановски: Зимските слави ќе донесат експлозија, треба едукација на луѓето, а не претерани мерки (видео)

Во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77, микробиологот Никола Пановски рече дека погрешно беше што сметавме дека вирусот брзо ќе го снема и со наставата требаше да се подготвуваме порано. Според него, учениците секако се надвор и се групираат, а тоа е поголема опасност отколку присуството училиштата. Д-р Пановски ја критикуваше најавата дека е можно да се воведе мерка на задолжително носење на маска на отворен простор.

-Маската во затворен простор е закон, се носи таму каде нема волумен на воздух и тука штити. Против сум да се носи маска надвор. Син ми е ракометар, а 15 ракометари од неговиот тим Работнички се позитивни. Исто и со тимот на  КЛ 7, каде 15 се заразиле од неносење маска во комби возило. Претходно работници се заразуваа во автобус. Само 2-3 проценти се заразуваат надвор. Поради тие 2-3 проценти ли да ги мачиме луѓето и да носат маска? Надвор преносот на вирусот е теоретски, ако се на дистанца повеќе од еден метар. Физичката активност и имунитетот се најважни и треба да ги стимулираме луѓето да бидат физички активни. Претеравме со мерките и јас сум против постојаното носење на маски на отворено, рече д-р Пановски.

Познатиот микробиолог во „Стадион“ прогнозира, како шtо рече, експлозија на вирусот во претстојниот период на постудените денови.

-Кога ќе се затовриме внатре, ќе биде експлозија на вирусот. За да тоа не биде  експлозивно, треба едукација. За жал, кај нас зависи од тоа кој ја кажува, од која провинеенција, треба сите заедно од сите партии, лидерите заедно со докторите да излезат и да потпишат една декларација да не ни се случи она штои ни се случуваше во мај, дека славите или верските обреди ние не можиме да ги спречиме. Сега е многу ваќно да се каже дека тие работи не смеат да се прават, а ги има многу повеќе зимно време, ќе направат експлозија и втора работа се младите луѓе, тинејџерите, кои сега се уште послободни, кои сега се собираат надвор и има ширење на заразата.

Според Пановски,  преносот на вирусот ќе биде 15-25 пати уште појако, ако тоа собирањата внатре. -Дали тоа ќе биде со рестриукции или не, да излезат пред народот, да кажат ова не’ очекува, ние вака ви предалгаме, од сите партии докторите – битни доктори и покрај нив лидерите, ако го почитувате ова, е останете без ретрикција, економијата ќе опстане, ако не ќе има рестрикции.  Прва рестрикција навечер е забрана за движење на младите. Тоа е проста работа. Национален интерес е, нема партија, 20 минути работа, меѓутоа утопиија е кај нас, смета д-р Пановски.

Во емисијата д-р Пановски изнесе став дека владејачките партии изгубија пратеници, со тоа што ги разлабавија нагло мерките пред изборите.

Во однос на зголемената смртност на инфицираните со корона вирусот, д-р Никола Пановски изјави дека анализи за смртноста требаше да се прават во јуни.

-Треба да се види дали лекувањето во болница е добро, одлично, треба да се видат кои се успесите за лекувањето, дали има некоја заборавена терапија што може да се примени. Ако СЗО до сега згреши повеќе пати во справувањето со Ковид – 19,  не е страшно и ние да признаеме дека се направени грешки, кажа Пановски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.