ММС

Пристигна снегот во Босна и Херцеговина

По обилните врнежи од дожд во изминатите два дена во Босна и Херцеговина пристигна и стегот. Како што пренесе Klix.ba врвовите на Бјелашница ова утро побелеа. Федералниот хидрометеоролошки завод за денес најави претежно облачно време и врнежи во источните и централните подрачја, а на врвовите снег.

Температурните мерења направени утрово во 08 часот регистрираа 0 степени на Бјелашница, 9 во Сараево, 10 во Бања Лука, 12 во Мостар и во Тузла и 16 во Требиње.

 

Фото:  ATV

Извор: nezavisne.com

Клучни зборови: Балкан, Босна и Херцеговина, вести, време

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.