ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/30/18 12:51 PM

Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка

Поради одржување на спортската манифестација Европско атлетско првенство во планинско трчање, што во организација на Атлетска федерација на Македонија ќе се одржи утре ќе има пренасочување на сообраќајот до Средно Водно.

Во периодот од 07.00 до 16.00 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе пренасочување на сообраќајот на улицата „Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект хотел „Панорама“ па се’ до Средно Водно, како и од с. Нерези (етно село) до Средно Водно.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат времените сообраќајни мерки.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1