ММС

Никола Миротиќ продолжува со Барселона до 2025 година

Црногорецот со шпански пасош и солидно НБА педигре, Никола Миротиќ, го продолжи договорот со екипата на Барселона и ќе го носи дресот на Каталонците до 2025 година.

Крилниот центар пристигна во Блауграна минатата сезона и веднаш беше прогласен за МВП на шпанската лига, благодарение на 19.5 поени во просек по меч и 5.7 скокови остварени во периодот до избивањето на пандемијата на коронавирусот.

-Среќен сум и многу благодарен на овој клуб и на шансата која ми ја пружи. Звучи прекрасно 2025 година, многу години во овој дрес и се надевам многу успех во истиот. Откако пристигнав, клубот ми пружи доверба, сите знаат дека не е лесно да се вратиш од САД. Но поддршката од клубот, фановите, енергијата, изненаден сум како ме прифатија, изјави Миротиќ.

Миротиќ оваа сезона ја стартуваше одлично, во два меча постигна во просек по 23 поени и 8.5 скокови. За потсетување, европската кариера на шпанскиот репрезентативец ја достигна кулминацијата во најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.