ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/25/20 1:09 PM

Јово Вангеловски седна на обвинителна клупа, се товари за злоупотреба на службената должност

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд, по обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување. Сепак рочиштето се одложи за 29 октомври бидејќи обвинетиот  побара повеќе време за да спреми одбрана.

Пред повеќе од два месеци обвинителството информираше дека поднеле обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Појаснуваа дека на крајот на 2018 година Вангеловски донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 % од основната плата, кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.

Но, она за што го гонат е бидејќи од листата испуштил една судијка, односно одлучил дека додаток на плата не треба да земе судијката Лидија Неделкова.

„Притоа, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа“, велат од обвинителството.

Тој се гони за кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Вангеловски од функцијата судија и претседател на судот официјално беше разрешен во март, поради несовесно вршење на функцијата, односно поради укинување на мерката притвор на бизнисменот Сеад Кочан во 2017 година додека беше во бегство.

фокус.мк


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1