ММС

Објавено на: 09/25/20 12:38 PM

За четири часа откриени седум комби превозници без лиценци за јавен превоз во Тетово

Претпладнево во периодот од 6 до 10 часот, откриени се седум возила, претежно комбиња и минибуси, кои превезувале патници од Тетово кон Скопје, а кои не ги поседувале потребните документи и пред се лиценци, соопшти СВР Тетово.

-На сопствениците на овие возила ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно Кривичниот законик и член 284 (н.з нелојална конкуренција во работи на надворешно-трговскиот промет), во кои се предвидени ригорозни казни.  Сите мерки се планирани и координирани од Јавен обвинител и со несмален интензитет ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се воспостави поголем ред и безбедност во јавниот превоз на подрачјето и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа област, информираат од СВР Тетово.

Овие активности се спроведуваат од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Отсекот за економски криминал.

фото.тиме.мк


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.