ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/30/18 10:15 AM

Претепан млад скопјанец се бори за живот

Дваесет и едногодишно момче се бори за живот на Скопските клиники откако вчера попладне во 17.20 часот во населбата Автокоманда е претепано од непознати лица.

Вчера и во текот на ноќта момчето не било контактибилно. Според првичните информации од МВР, го претепале три засега непознати лица.

Непознатите излегле од автомобил мерцедес и го нападнале момчето кое се движело по булеварот Александар Македонски во близина на автобуската постојка кај седиштата на „Алкалоид“ и „Скопска пивара“.

МВР подготвува подетална информација. До утрово, не се знае ни мотивот на напаѓачите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1