ММС

(Видео) Си најдов маж од соништата- Битолското чупе Ирена од Мелбурн победи во австралиското шоу „The Bachelor“, Гркинката извиси

Македонската убавина растур направи во Австралија. Во мега популарното шоу во Австралија, каде еден маж ја избира љубовта на неговиот живот од 10тина девојки по втор пат победи Македонка. Пред неколку години срцето на згодниот Австралиец, Сем Вуд, го освои Снежана Маркоска, која е по потекло од Охрид, а со семејството живее во Перт, додека завчера во истото шоу победи Ирена Сбиновска од Битола.

Locky chooses Irena 💘

As this crazy adventure comes to an end, our Bachelor Locky found the girl of his dreams. Congratulations to these lovebirds 💕 #TheBachelorAU

Gepostet von The Bachelor Australia am Donnerstag, 24. September 2020

Еве што пишуваат австралиските медиуми за нашата убава Ирена, која во трката за згодниот Локи ја победи Гркинката Бела.

Ирена Србиновска од Мелбурн победи во осмата сезона од шоуто  „The Bachelor“ (Ерген). Оваа 31 годишна медицинска сестра и официјално го освои срцето на Локи. Тој низ солзи ја донесе одлуката,  и кажа збогум  на другата напреварувачка Бела  и својата љубов и ја вети на Ирена

„Ирена, знам дека ќе бидеш прекрасна девојка, жена, мајка, ти си цел пакет“ – и рече Локи на Македонката која му го освои срцето.

„Едвај чекам да го започнеме заедничкиот живот заедно, да го пропатуваме целиот живот заедно и да ти ги исполнам сите желби. Те сакам многу“, додаде тој.

Во прекрасен фустан со нејзините препознатливи кадрици Ирена блескаше покрај нејзиниот нов партнер.

Имаше и таа да сподели неколку убави зборови со него :

„Ме правиш многу среќна, уште првиот пат кога те видов можев да се замислам овде со тебе“ му рече Ирена на Локи

Ова и му беше целта на Локи, влезе во шоуто со помисла да ја најде вистинската љубов. Тој претходно беше во брак со Џордан Кејлес која се наптреваруваше во втората сезона на „Love Island Australia’.

Сега среќата ќе си ја проба со Ирена, откако ја избра за своја партнерка и и подари прекрасен прстен со кој и ја вети својата љубов. Но, престенот не е свршенички. Дали воопшто ќе дојде до таков, останува да дознаеме, пишувааатмедиумите во Австралија.

Ирена Србиновска се истакна меѓу другите уште на самиот почеток на „The Bachelor“ . Инстантно се поврза со Локи Гилберт, по што и се очекуваше дека ќе биде фаворитот за земање на финалната роза која носи победа.

Австралиските медиуми Ирена ја претставуваат како убавица со остар ум.  Таа е Македонка, а нејзините корени несомнено се длабоко зацврстени во културата од оваа југоисточна европска земја. Во снимките од посетата на нејзиниот роден град може да се види колку ужива во македонската култура со нејзиното семејство.

Нејзиното потекло ја поврзува со друга учесничка од ова шоу, а тоа е  Снежана Вуд, која исто е Македонка, а победи во претходните сезона на шоуто. Македонскиот шарм очигледно ги води кон победа.

"I can't picture doing life without him now"

Irena is putting her heart on the line for Locky ❤️ #TheBachelorAU

Gepostet von The Bachelor Australia am Mittwoch, 23. September 2020

Ирена брзо остави впечаток на Локи откако извади стетоскоп за време на нивната прва заедничка коктел забава и го измери чукањето на срцето на Локи.

Osher delivers some bad news 😥

Irena's Hometown visit is going to look a little different 💔 #TheBachelorAU

Gepostet von The Bachelor Australia am Dienstag, 22. September 2020

 

„Мислам дека слушнав како твоето срце прескокнува во ритам“, се пошегува Ирена со рацете во кошулата на Локи.

Работејќи како медицинска сестра во Мелбурн, Ирена има и грижлива страна – нешто што Локи многу го цени.

„Животот како медицинска сестра е неуреден, предизвикувачки и е бесконечен циклус на работа во смени, но исто така е и најисплатливата и инспиративна работа“, рече Ирена за својата работа.

Таа исто така ужива да минува време во природа- и како пар страствени планинари, Ирена и Локи дефинитивно изгледаат како совршени еден за друг.

Irena's Bachelor Journey 🌹

Our resident nurse Irena has had Locky's pulse racing since they first met! Will their hearts beat together at the end? #TheBachelorAU Grand Finale Week, Wednesday 7.30 on 10!

Gepostet von The Bachelor Australia am Sonntag, 20. September 2020

Момент кога Бела дозна дека срцето на Локи ќе припадне на Ирена.

Our runner-up has been decided 💔

Locky and Bella weren't meant to be 💔 #TheBachelorAU

Gepostet von The Bachelor Australia am Donnerstag, 24. September 2020

Фото: vogue.com.au


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.