ММС

Кои нијанси на коса ќе ја одбележат есента? Бидете занесни, женствени и во тренд!

Доаѓањето на ново годишно време секогаш е супер прилика за суптилна промена на изгледот. Летото веќе го испративме, а есента штотуку пристигна. Ова е одлична прилика да ја бојадисате косата и при тоа да одберете нијанса со која ќе доминирате во следниот период.  Кафеавите нијанси дефинитивно се есенски хит. Покрај популарната чоколадна нијанса сепак, во тренд се и златно кафеавата, бакарната нијанса, како и црвената боја која секогаш е атрактивна. Есенските тонови носат раскошни пигменти, па поради тоа во продолжение прочитајте ги предлозите за нијансите  со кои нема да погрешите!

Чоколадна нијанса

Една од нијансите кои се хит за време на есента е чоколадната кафеава. Оваа нијанса е топла и одлично им стои на девојките со светол тен.

Жар црвена

Оваа боја супер им прилега на дамите што имаат природно потемна коса, додека на русокосите повеќе им стои некоја нежна варијанта.

Златно-кафеава

Понежната нијанса во прамени неодоливо потсетува на летото и може да не’ врати во топлите денови што се „окупирани“ од сончевите зраци.

Бакарна нијанса

Уште една во низата прекрасни бои со кои може да ја освежите косата. Се работи за блага нијанса која носи здрав изглед и волумен.

Извор:      stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.