ММС

МВР: Утврден идентитетот на учесниците во видеото, каде полицаец брутално тепа граѓанин (видео)

Видео снимка на која се гледа како македонски полицаец претепуваат еден граѓанин се појави денеска на социјалната мрежа Фесјбук. На снимката која потоа на својата фејсбук- страница ја сподели и невладината организација „АВАЈА“. Настанот е снимен во Битола.

На снимката се гледа како во еден момент полицаец влече едно лице кое дава отпор. Полицаецот го соборува граѓанинот и прво го удира со тупаници, а потоа неколку пати и со ногата. Другиот полицец оттурнува друг граѓанин кој сакаше да го сопре тепањето. На снимката се гледа дека имало уште еден полицаец и патролна кола на полицијата.

„Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите. Зоран Заев Бојан Марицик Оливер Спасовски ветивте дека правда ќе има? Вака ли изгледа правдата?“, се наведува во објавата на граѓанската иницијатива АВАЈА.

Полициска бруталност врз Ромите

РОМИТЕ НЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД! #МожетеПовеќеМожетеПолошоУжаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите. Zoran Zaev Bojan Maricik Oliver Spasovski ВЕТИВТЕ ДЕКА ПРАВДА ЌЕ ИМА? ВАКА ЛИ ИЗГЛЕДА ПРАВДАТА?Венко Филипче дo каде е истрагата за смрта на родилката од Шуто Оризари, дали воопшто случајот се истражува?ДО КОГА РОМИТЕ ЌЕ БИДАТ ЖРТВИ НА СИСТЕМОТ!ВРЕМЕ E РОМИТЕ ДА ГО КРЕНАТ СВОЈОТ ГЛАС!

Gepostet von AVAJA am Donnerstag, 24. September 2020

Видео снимката од полициска бруталност врз припадник на ромската заедница, која денеска се прошири на социјалните мрежи и медиумите покажува дека непрофесионалниот однос, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани продолжува да биде честа практика на полицијата, се вели во соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Од таму најостро го осудуваат ваквото однесување на полициските службеници и најавија дека за настанот ќе поднесат претставка до специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Основното јавно обвинителство.

„Со претставката ќе побараме да се испитаат сите околности, да се прибават докази и да се покрене постапка пред суд со цел утврдување на кривична одговорност. Дополнително, од Одделението за внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи, ќе побараме најстрога дисциплинска одговорност за инволвираните полицајци и покренување на кривична постпака“, се наведува во соопштението.

Се огласија и од МВР

„Во врска со видео материјалот што денеска (24.09.) беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници ,Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана“,  се вели во соопштението од МВР.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.