ММС

Мирисот на есента во 3 рецепти со печени пиперки

Во овие есенски денови кога печената пиперка е синоним за ова годишно време ви ги носиме трите рецепти за јадење врз основа на печени пиперки.

Салата од печени пиперки
Состојки:
4 црвени печени пиперки
маслиново масло, оцет, сол и лук
Подготовка:
Печените пиперки излупете ги и исцедете ги. Потоа зачинете ги со маслиново масло, јаболков оцет и бел лук. Ако сакате може да додадете кајмак или павлака.

Печени пиперки полнети со сирење
Состојки:
8 – 12 пиперки
½ шоља меко козо сирење
зачинето масло – оригано, лук и магдонос
маслиново масло
бибер и сол
Подготовка:
Измешајте го сирењето со зачините и наполнете ги веќе исчистените пиперки. Наредете ги во огноотпорн сад и печете ги на 200 степени околку 20 минути. Доколку сакате преку нив може да прелиете и неутралне павлака и да ги потпечете. За декорација ставете свеж магдонос.

Супа од пиперки
Состојки:
1 голема печена пиперка
1/3 шоља индиски орев
1/3 шоља вода
½ чајна лажичка хималајска сол
Подготовка:
Наведените состојки сомелете ги во блендер, ставете ја во сад и додајте магдонос или свежо сецката црвена пиперка.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.