ММС

Не сум веќе со жива ограда, сега сум со корона фризура- Наум Петрески со нов имиџ

На концертот на „Синтезис“ вчера гостин беше фолк пејачот Наум Птерески, кој се појави ослабен и со нова фризура. Тој вели дека токму короната му помогнала да симне „некој килограм“, но и да ја пушти косата.

-Нема настапи па постојано сум во Струга, уживам крај езерото, си ловам риби. Тојму тоа ми помогна и повеќе да пешачам и да намалам од килограмите. Но, во таква опуштена атмофера човек се опушта сосема. Како што нема настапи, нема потреба секој ден да се мести косата па решив да сменам малку. Ептен ми беше долга, па пред неколку дена мојата стилистка ми рече: „Каде си трнал со живава ограда“. И ме седна на столче и ме среди. Сега имам корона фризура, вели во негов стил Наум.

Наум и покрај тоа што не е вработен и нема настапи, сепак, е еден од оние, како што вели, кои не заслужуваат да добие помош од државата. И покрај што ги имал собрано сите документи и член е на ЗЕУМ, тој е одбиен.

-Веројатно не заслужувам. Според нечии критериуми ниту сум добар пеач, ниту, пак, сум придонел за заслуга на државата. А можеби и политички не одговарам, ни рече тој.

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.