ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/23/20 6:26 PM

Булси следната сезона ја започнуваат со Били Донован на клупата

Доскорешниот тренер на Оклахома Сити Тандер, екипата која сезонава предводена од Крис Пол направи и своевидно изненадување во пласирајќи се во плејофот и пружајќи добри партии во „баблот“ на Флорида, Били Донова, од следната сезона ќе седне на столчето во Чикаго Булс.

Педесет и петогодишниот Донован помина пет сезони во Оклахома, забележувајќи 243-157 скор во однос на победени и загубени мечеви и пет последователни учества во плејофот во НБА. Покрај тоа, Донован е еден од четворицата активни тренери во НБА кои својот тим го воделе во плејоф пет сезони во ред.

-Ние сме пресреќни што ќе му посакаме добредојде во семејството на Чикаго Булс. Успехот кој го има постигнато во тренерската кариера го прави посебен и на посебно ниво. Неговата добра работа со ммладите играчи и поттурнувањето во исполнувањето на нивниот потенцијал, индивудално и колективно, одлично ќе се вклопи во нашат замисла и нашиот ростер, изјави извршниот заменик претседател на организацијата, Артурас Карнисовас.

Донован беше прогласен за најдобар тренер во изминатата 2019/20 регуларна сезона во НБА лигата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1