ММС

Ќе си ја платам казната, рече Филипче за сообраќајниот прекршок, кога полицијата ги казни и Заев и Николовски

Жал ми е што направив прекршок, ни рече министерот за здравство Венко Филипче, по информирањето на медиумите дека тој, премиерот Зоран Заев и  вицепремиерот Љупчо Николовски управувале мотори без заштитни кациги.

-Навистина жал ми е што направив прекршок. Ќе си ја платам казната. Добро е што реагираше полицијата, изјави кусо Филипче за ммс.мк.

Покрај министерот Филипче и премиерот Заев и министерот Николовски треба да платат по 50 евра, во денарска противвредност, бидејки МВР ги казни зза не носење кацига додека возеле мотори во Скопје.

Прекршочните пријави ги објави порталот „Центар“ , а на сцијалните мрежи се појавија и снимки од завчера, кога всушност на булеватор „Гоце Делчев“  е направен и прекршокот.

Ова е прв случај од осамостојување да се казнат функционери за сообраќаен прекршок


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.