ММС

Украдениот мртовец од инфективна е погребан, ЈО треба да даде налог за посмртен ковид тест

Полицијата сеуште го расчистува случајот со украденото тело на починатиот пациент од инфективното оделение на струмичката болница. Од таму велаат дека целата постапка ја водат со Јавното обвинителство и се работи на целосно документирање на настанот.
,,Групата лица почнале да се однесуваат агресивно и го навредувале персоналот, по што влегле во објектот на инфективна болница и заедно со креветот го изнеле надвор од објектот, а потоа го ставиле во патничко возило со кое заминале. СВР Струмица, во координација со јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот“, стои во информацијата од СВР Струмица
Телото на 49 годишниот струмичанец уште вчера било погребано, информира директорот на струмичката болница Наќе Гогов според кого Јавното обвинителство треба да даде налог за да се изврши посмртен ковид тест бидејки во текот на вчерашниот ден не успеале, затоа што пациентот на инфективна бил само 15 минути.
Од болницата најавија дека ќе го зголемат обезбедувањето бидејќи зачестиле вербалните напади кон здравствените работници. Синоќа таму бил спречен уште еден инцидент кога починало 9 месечно бебе со тешка бронхопневмонија па морала да интервенира и полицијата.

В.Т


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.