Се чувствувам оштетен, но не барам штета, изјави Сугаревски од Кривичен за „Таргет Тврдина“
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/22/20 12:32 PM

Се чувствувам оштетен, но не барам штета, изјави Сугаревски од Кривичен за „Таргет Тврдина“

Во периодот кога Сугаревски дознал за прислушувањето, бил координатор на пратеничката група од СДСМ. Тогаш тој побарал барање од СЈО за проверка на неговите службени и приватни телефони.

Бил повикан во мај 2017 година на разговор во обвинителството и бил информиран дека службениот телефон му е прислушуван, додека пак за приватниот телефон од обвинителството немале дополнителни информации.

-При разговор со обвинителот ми беше кажано дека сум бил прислушуван од 2008 до 2013 година на мојот службен телефон, најчесто во изборниот период. Како оштета нема да барам средства, но се чувствувам оштетен, изјави Сугаревски во судницата во Кривичен за аферата за прислушување „Таргет Тврдина“.

Покрај него, во својство на сведоци денес се повикани и дваесеттина новинари кои најавија барање за отштетување. Судскиот процес го води судијката Џенета Бечковиќ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7