ММС

Негувателка во кумановската градинка позитивна на Ковид-19

Негувателка вработена во кумановската градинка „Ангел Шајче“ е позитивна на коронавирусот.

Како што информираше денеска директорката на установата, Марина Алексовска, негувателката била вработена во објектот „Детелинка“ и веднаш откако е добиена информацијата е постапено согласно сите алгоритми.

– Во петокот наутро колешката, негувателка во обејткот „Детелинка“, се јави дека има висок притисок и крварење од нос и од петок не е на работа. Во текот на викендот има направено тест на кој што покажал дека е позитивина и веднаш постапивме по алгоримот за постапување во ваква состојба. Го известивме нашето ресорно Министерство за труд и социјална политика, локалната самоуправа, а најпрво стапивме во контакт со Центарот за јавно здравје со епидемиолошката служба, изјави Алексовска.

Како што појасни директорката, веднаш е остварен телефонски контакт со родителите на децата од таа група.

– Во оваа ситуација е донесен заклучок од страна на епидемиолошката служба дека родителите се изјасниле дека поголем дел биле во петок, девет дечиња од кои поголемиот дел воопшто немаат контакт со учителката и денеска ги имаат донесено децата. Инаку, воспитувачките и негувателките во групата немаат контакт со колешки од друга група. Децата од самиот прием, до заминување седат во својата група со исклучок на игрите во дворот каде се постапува согласно протоколите каде треба да се изолирани од друга група, појасни Алексовска.

Појадокот, ручекот, ужините и спиењето се согласно протоколите, додава таа, има по две постелнини, се спие во спротивно поставено креветчиња, а храната им се носи до врата.

– Тие немаат контакт со никоја вработена од друга група, ниту со техничкиот персонал. Од епидемиолошката служба се целосно запознаени со начинот на функционирање во овие вонредни услови и донесоа таква одлука. Родителите веднаш се информирани за време на викендот, се изјасниле и тие деца што дошле во петок се дојдени и денеска во таа група, изјави Алексовска.

Протоколите, вели таа, се направени ако една група биде кластер, да не биде и целиот објект.

По консултациите на епидемиолозите и родителите, било одлучено децата да продолжат да доаѓаат во објектот.

Денеска околу 239 дечиња биле присутни на ниво на цела установа, но има и над 750 дечиња на листа на чекање.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.