ММС

Пере од „Нокаут“ ќе се жени со бивша љубов и ќе добие трета ќерка

Никола Перевски- Пере од „Нокаут“ наскоро по втор пат ќе се жени и ќе добие трета ќерка. Планираната свадба поради пандемијата се одложи, но до крајот на ноември, додека да им се роди ќеркичката со Јована Темелковска ќе направат матично.

-Среќен сум што ќе добијам уште една ќерка. Со Јована бевме заедно пет години. Па по четири години пауза минатата година повторно ја почнавме нашата љубовна приказна. Јас ја мислев и додека бев во Барселона, додека студирав аудио продукција на катедрата за електорнска музика на реномираниот институт „САЕ“. Љубов е тоа, вели Пере.

Бебето што ќе се роди е трета среќа за Пере. Тој од претходниот брак ги има ќерките Михаела (Миа) која има 21 година и Каја 13 години.

„Не би сакал да зборувам многу за приватноста, но сакам да се знае дека за кратко време  ќе изненадам и на приватен и на професионален план. Се крчкаат многу убави моменти“ рече Пере


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.