ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/20/20 4:00 PM

3.000 евра добиваат младенците ако ќе се венчаат на овој остров

Сицилијанските власти одлучија да дадат по 3.000 евра на секој пар кој ќе одлучи да се венча на Сицилија, пишуваат италијанските медиуми.

Локалните власти издвоија 3,5 милиони евра за таа цел, а понудата важи до 31 јули следната година.

Сицилија со своите барокни палати и вили, средновековните цркви и прекрасната природа е привлечно место за церемонии.

Најпознатата венчавка изведена на овој италијански остров е онаа од филмот „Кум“, кога син на мафијашки кум се жени со локална убавица. Оваа филмска венчавка ја започна Сицилија како едно од најценетите места за свадбени церемонии и го охрабри формирањето на голем број мали семејни компании кои се занимаваа со подготовка и организација на свадбени церемонии.

До пандемијата на корона вирусот на Сицилија, се женеа младенци од Америка и Јапонија, но карантинот речиси целосно ја укина активноста што донесе годишен приход од 50 милиони евра.

Последиците од кризата влијаат не само на компаниите што организираат свадби, туку и на активности поврзани со тоа, како што се угостителски објекти, фотографски услуги, келнери, хотели, печатници, а во загуби се и местата изнајмени за свадби, не само убавите сицилијански барокни вили и палати, туку и музеите и манастирите.

Преземено од: https://www.blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1