ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/18 1:18 PM

Кавадарци ќе работи на проекти за подобрување на водоснабдувањето и подобра патна инфраструктура

Владата останува сериозен партнер на општините и стоиме на располагање комплетно во делот на сите проекти кои ќе треба да се реализираат.Од голема важност ни е изградбата на патот Градско Прилеп каде моментно се работи на две делници но и за повеќе проекти за патната инфраструктура,истакна денес министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски,при работна посета на општина Кавадарци. Сугаревски рече дека тендерот за патот Кавадарци Росоман во должина од 8 км е во тек и се очекува од септември да се започне со негова изградба.

– Зборувавме за подобрување на водоснабдувањето на Кавадарци со проектот на КФВ банка очекувам на наредната седница на владата да помине одлуката и врз основ на тоа да се склучи договор меѓу КФВ банка и МТВ да можат да се користат тие средства.исто така дополнително разговаравме за гасификацијата значи очекуваме процесот посебно кракот од Неготино кој се движи преку Кавадарци и оди се до Битола да се интензивираат активностите,градоначалникот ме информира дека изготвуваат проекти во делот на неговата надлежност во делот на Кавадарци така да очекуваме сите проекти кои се планирани,се работат и ќе се работат во понатмаошниот период согласно роковите ќе бидат реализирани,истакна Сугаревски.

Градоначалникот Митко Јанчев информираше за патната инфраструктура, активности околу проектот западен и северен булевар како и изградбата на обиколница.

– Така да овие два влеза на Кавадарци ќе бидат комплетно решени, ова подолго време стои во занемарена ситуација и мислам ќе има подобар пристап и за луѓето и за фирмите кои транзитираат на овој дел.Исто така сакам да ве информирам дека оној грант кој го добивме од КФВ банка од 2,5 милиони евра, Министерството за транспорт и врски го даде договорот за ревидирање на Влада, веројатно на првата нејзина седница ќе помине и очекуваме септември или октомври да ги започнеме проектите за подобро водоснабдување и во делот на атмосферската канализација,рече Јанчев.

Од министерот Сугаревски ,локалната самоуправа ќе побара поддршка за заеднички проект за патот кон село Дисан но и изградба на обиколница пред село Марена,која ќе води до фабриката Дрекселмаер како стратешки проекти за општината и граѓаните.

Билјана Тошевски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1