ММС

Кокаин, хероин и марихуана пронајдени во дом во Кичево: Приведени се три лица

Вчера одделот за криминалистичка полиција при БЈБ во соработка со Одделот за специјални полициски операции и полициски службеници од СВР Охрид – ОВР Кичево, во рамки на оперативната акција, чија цел е ставање на крај на трговијата со наркотични дроги, преземаа мерки и активности за лишување од слобода на дилери на подрачјето на Кичево.

„Имено, во вечерните часови во центарот на Кичево е запрено патничко возило „ауди“, управувано од С.А., каде како совозач бил неговиот брат А.А., а при извршениот преглед над нив и во возилото, пронајдени се пакувања со марихуана, пари и нож. По претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во нивниот дом во Кичево, при што се пронајдени кокаин, хероин, марихуана, вага за мерење и големи износи на парични средства, за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога. Покрај ова, против С.А. и А.А. во изминатиот период се поднесени бројни кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство и Судот, поради агресивно и насилно однесување, загрозување на сигурност и упатување на сериозни закани по граѓани и полициски службеници и нивните семејства, но завршиле без исход“, изјави Сузана Праниќ Талевска од МВР.

Против С.А. и А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215, со предлог за определување на мерка притвор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.