ММС

Лејкерси отворија со 1:0 во финалната серија на Западот, Дејвис нездржлив

Шалата во НБА кулоарите гласи „молете се да не водите против Денвер со две победи разлика во серијата“. Нагетси како по обичај, го загубија првиот дуел од серијата. Тимот на Франк Вогел од почетокот до крајот на мечот играше константно добро и ја одржуваше предноста во однос на Денвер.

Во победата на Лос Анџелес Лејкерс од 126:114, Ентони Дејвис беше човекот кој „на грб“ ја носеше својата екипа.  Со 37 поени и десет скокови, Дејвис беше број еден играч кај „езерџиите“ и оружје против кое Мајк Малоун вчеравечер немаше соодветна одбрана.

Леброн Џејмс исто така забележа дабл-дабл учинок со 15 поени и 12 асистенции. Кентавиус Колдвел-Поуп постигна 18 поени. Од клупа, Кузма и Хауард искомбинираа 24 поени.

Кај поразените, главната ѕвезда на Нагетси, Никола Јокиќ, влезе во статистиката со 21 поен, шест скокови и две асистенции. Втората алка од динамичното дуо кое му зеде скалп на фаворитот Лос Анџелес Клиперс, постигна 21 поен.

Натпреварот број два од серијата до седум, зазема место на програмата во недела навечер.

Клучни зборови: јокиќ, кошарка, леброн, лејкерс, нагетс

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.