ММС

Норич ја одби понудата од Барселона за десниот бек Макс Аронс

На колку ниски гранки Барселона е во моментот, кажува и последната информација која доаѓа од Англија и таборот на тазе испаднатиот тим во Чемпиошип, Норич.

Норич од втората лига во Англија, ја одби понудата на Барселона за десниот млад и талентиран бек, Макс Аронс. Аронс веќе ги договорил личните услови со Каталонците, но двата клуба не успеале да се договорат околку формата на трансферот и сумата која треба Барселона да му ја исплати на „канаринците“.

Се верува дека Норич е подготвен да го ослободи Аронс, но не на позајмица, туку директен трансфер и инстантно исплатена сума во висина од 20 милиони евра.

На почетокот од овој преоден рок, Макс Аронс беше поврзуван со трансфер во Баерн Минхен. Германците не успеаа да го ангажираат дефанзивецот, а сега како негова алтернатива го гледаат исто така младиот десен бек на Ајакс, Серџињо Дест.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.