ММС

Јанкулоска: На крај памет не ми паѓа да бегам

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на која завчера Врховниот суд и ја одби жалбата на пресудата за „Тенк“ и ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна, во изјава за Фокус вели дека на крај памет не ѝ паѓа да бега.

-Јас сум дома со семејството и немам намера никаде да бегам, на крај памет не ми паѓа такво нешто, ни изјави Јанкулоска. Сепак поранешната министерка не открива дали има правна можност и дали ќе бара одложувување на затворската казна.

Според процедурите, Врховниот суд треба прво да ја испрати пресудата до Кривичен, а судија за извршување на санкции да ѝ даде упатен акт за во затвор на Јанкулоска.

 

 

Извор:

fokus.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.