ММС

Навечер без заштита по кафани а сабајле пациенти прегледувате, нели ви е срам- Матичниот лекар Ненад Лазаров ги искара колегите

Јавноста за време на пандемијата даде максимална поддршка на медицинските работници. Ги фалеа, има се даваа аплаузи. Граѓаните меѓу себе јадеше, ги прозиваше сите кои не ги почитуваа правилата за заштита од корона вирус, со што придонесуваат за зголемување на бројот на заразени, а со самотот тоа и зголемена работа на работниците во и онака кревкиот здравствен систем. Но, како поминува времето, се чини и дека на медицинските работници им здодеа носењето маски, држењето дистанца и заштитата од корона.

 

Ваквиот начин на однесување на некои од здравствените работници го изнервира матичниот лекар Ненад Лазаров, кој со статус на својот Фејсбу профил ги потсети колегите со каква професија се занимаваат.

Ај народов, ама колеги/колешки неизживеани, у кафана секоја вечер, друштва по свирки, НЕ ВИ ДОЛИКУВА. И има да ве…

Gepostet von Nenad Lazarov am Freitag, 18. September 2020

-Ај народов, ама колеги/колешки неизживеани, во кафеани секоја вечер, друштва по свирки, не ви доликува.  И има да ве ставам на ѕид на срамот од сега, па лутете се. Ако можам јас да седам дома, може секој од вас. Па уште се сликаат без маска, без  ништо, идиоти. Нели ви е страв. Ако ништо друго од реакција на јавност, сабајлето треба пациенти да прегледувате.., напиша доктор Лазаров.

Фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.