ММС

Светиниколската градинка која остана затворена поради заболена од ковид, од понеделник се отвора

Поголемиот Клон 1 на градинката „Рахилка Гонева“ од Свети Николе од понеделник, 21 септември почнува со работа. Општината упати повик до родителите, во понеделник да ги донесат децата што се запишани, според Протоколот за работа на градинките.

-Превземени се сите неопходин мерки и активности согласно Протоколот за работа на градинката утврден од страна на МТСП за безбедно згрижување на нашите најмили, соопшти Сашо Велковски, градоначалник на Општина Свети Николе.

Клонот 1, кој во ковид услови згрижува 110 деца, требаше да започне со работа на деветти септември, кога беа отворени градниките во државата, меѓутоа, беше одлучено да остане затворен, додека не стигне резултатот од вработената, која имала симптоми на ковид 19. Негователката работела на подготовки за отворање на градинката. Подоцна беше потврдено дека е позитивна, а во изолација отидоа уште две нејзини колешки.

Со оглед на тоа дека двете вработни во излација се без симпотми, заболената е во добра состојба, со лесна клиничка слика, со дозовла на Центарот за јавно здравје и МТСП, одлучено е градинката да се отвори во понеделник. Деновиве е извршена целосна дезинфекција на просториите и дворот на Клон 1.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.