ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/17/20 4:09 PM

Животинскиот и растителниот свет во опасност од пожарите во САД

Шумските пожари го опустошија источниот дел на американската држава Вашингтон уништија цели живеалишта на дивиот свет, а бројот на загрозени видови е значително намален, предупредуваат научниците.

Голем дел од изгорените области источно од планинскиот венец се стрништа и живеалишта со грмушки, а растенијата што растат таму се клучни за опстанокот на пигмејскиот зајак и некои видови на црн тетреб.

Помина малку време за да се види целиот обем на штетата од пожарот, но експертите проценуваат дека пожарот во Перл Хил предизвика пад од 30 до 70 проценти од бројот на тетреби што го намали вкупниот број на овие птици на опасно ниско ниво.

Пожарите во Перл Хил се се уште активни, па вкупната штета може да биде и поголема, но веќе е познато дека областите каде се размножувал црниот тетреб се целосно изгорени, и веројатно и сите единки кои биле пуште во природа изминатите години со цел тој вид да  закрепне.

Во пожарот во Перл Хил, кој избувна на 7 септември, изгоре околу 90.000 хектари површина.

Многу птици настрадале, а оние кои избегале од живеалиштата се изложени на поголем ризик да бидат нападнати од грабливки, бидејќи мигрираат во непознати области.

Државниот оддел за риби и диви животни во Вашингтон (WDFW) сега проучува како да им помогне на преживеаните животни да ја „истуркаат“ зимата, вели менаџерот на WDFW Хана Андерсон.

Судбината на пигмејскиот зајак, тежок само половина килограм и висок околу 30 сантиметри, е црна.

Една од трите заштитени подрачја што ќе овозможи обновување на загрозените видови е целосно изгорена. Уништени се и местата и оградените области во кои тие се размножувале пред да бидат пуштени во дивината, а загубите во дивината допрва ќе се проценуваат.

Експертите веќе предупредуваат дека се уништенена е инвестицијата која била направена со години во програми за зачувување на загрозени видови.

„Уништувачки е“, вели Андерсон. „Катастрофални загуби и значителни загуби во напорите за зачувување“. Оваа година очекувавме принова, така што ова е многу тажно сега. Ситуацијата на терен покажува дека нема живеалишта  каде што би можеле животните да се засолнат од огнот, ништо, ништо за спасување“, вели Андерсон.

Некои живеалишта се толку оштетени што изгледаат како површината на Месечината, вели заменик-директорот на WDFW Ејми Виндроуп.

Три живеалишта на дивиот свет беа целосно уништени во пожарот.

Овие живеалишта со грмушки, жалфија и други ароматични растенија и сува трева биле дом на животни и растенија кои не се наоѓаат на друго место. Пожарите исто така ја уништуваат кревката покривка на почвата, што го отежнува обновувањето на природата и овозможува ширење на инвазивни растителни видови кои се сушат и дополнително ги хранат пожарите.

Пожарите исто така уништија многу зимски живеалишта на опашестите елени и  канадскиот елен.

Преземено од: http://hr.n1info.com/

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7